Koи сме ние

Продавниците Best Selection одговораат на високите барања на потрошувачите за модерниот живот.
Во продавниците Best Selection се нудат селектиран избор на производи за домаќинството од водечките европски производители, познати со квалитетна изработка, функционалност и актуелни дизајнерски решенија.
Светските трендови кон практичност, дизајн и суптилност во изработката се наш приоритет при изборот на додатоци за дома. Односот квалитет - цена е клучен за нас и нашите клиенти од сите возрасни групи.
Best Selection ги задоволува барањата на клиенти со повисоки критериуми за производи од порцелан, керамика, челик и сл.
Деталите се важни при изборот на нашите сервиси.
Вкусот и искуството за редење на масата, ги претвораат дури скромните јадења во атрактивни и го отвараат апетитот. Затоа имаме широк спектар на сервиси за секојдневна употреба или празнично украсена трпеза.
Best Selection ги привлекува своите клиенти и со одличен избор на прибор за јадење со уникатен дизајн. Ова важи и за садовите за готвење од висококвалитетен нерѓосувачки челик, земајќи ги во предвид разновидноста на вкусови во нашата сегашност.
Наша политика на компанијата е производните линии да се прилагодат според потребите на различните пазарни сегменти.
Best Selection внесува иновативни решенија за младите семејства - индивидуален избор кај модерниот дом.
Best Selection ја цени љубовта и вниманието кои секој готвач ги вложува во подготовката на здрава храна и затоа нуди само првокласни садови што се претвора во задоволство.
Best Selection има изобилство од идеи за подароци ... секоја пригода е причина да не посетите! Нашите компетентни консултанти со задоволство ве советуваат во правилен избор на вистинскиот подарок!
Во нашите продавници се нуди услугата "изготвување на свадбена листа" - практичната услуга за секое младо семејство при изборот на сè што е потребно за новиот дом на индивидуален вкус.
Best Selection и брендот Luigi Bormioli присуствуваат во опремувањето на фини ресторани и хотели во земјата.

Продавниците Best Selection се во сите поголеми градови во земјата.


Категории